Во последните 24 часа се направени 1853 тестирања, а регистрирани се 428 нови случаи на ковид-19, од кои 4 во Охрид. Најсмногу случаи повторно има во Скопје 200, по што следат Теттово 30, Прилеп 29, Кавадарци, 17, Гевгелија 14, Битола 14, Кочани 12, Струмица 11, Кичево 11…
Починати се 10 лица, двајца пациенти од Скопје (60 и 66г), еден од Куманово (64г), двајца пациенти од Прилеп (57 и 87г) двајца од Тетово (75 и 53г), еден од Струга (55г), еден од Струмица (83г) и еден пациент од Крива Паланка (80г). Од нив 1 пациент е починат вонболнички услови, останатите 9 се починати во болница.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 128 оздравени пациенти, 2 од Охрид.
Досега во земјата се направени вкупно 221.011 тестирања на Ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 23628, бројката на оздравени пациенти е 17239, на починати е 834, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 5555.
OhridNews