Во последните 24 часа од направени 2.302 тестирања, регистрирани се десет нови случаи на Ковид-19, три лица починаа, а 17 се оздравени, Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје.
Новите случаи на Ковид-19 се регистрирани во Скопје и Куманово – по два и во Тетово, Велес, Кавадарци, Охрид, Свети Николе и Крива Паланка – по еден.
Регистрирани се 17 оздравени пациенти и тоа од Скопје – пет, од Куманово – четворица, Прилеп – три, Тетово – двајца и од Струмица, Кичево и Радовиш – по еден.
Регистрирани се тројца починати лица од Крива Паланка (76г), Дебар (69г) и Кичево (65г). Сите пријавени се починати во болнички услови.
Во моментов во Охрид има 17 активни случаи.
OhridNews