Во последните 24 часа регистрирани се десет нови случаи на Ковид-19 од направени 2.960 тестирања, петмина оздравени пациенти и еден починат, соопшти Министерството за здравство повикувајќи се на податоците од Институтот за јавно здравје.
Во Скопје се регистрирани пет нови случаи на Ковид-19, во Тетово четворица и во Битола еден. Во болнички услови почина еден пациент (64) од Струмица. Регистрирани се и петмина оздравени пациенти и тоа тројца од Скопје и по еден во Крива Паланка и во Берово.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.770, на оздравени пациенти е 150.123, а на починати 5.487. Активни се 160 случаи, од кои 11 во Охрид.
OhridNews