На подрачјето на Полициската станица Охрид, во периодот од 30.04.2010 до 03.05.2010 година, регистрирани се три кривични дела „Тешка кражба“ седум кривични дела „Кражба“, една телесна повреда и пет нарушувања на јавниот ред и мир. Покрај тоа, евидентирани се  четири дела „Оштетување“ и  седум сообраќани незгоди со предизвикани телесни повреди и материјална штета, соопшти СВР Охрид.

-На подрачјето на на Полициската станица Струга,  регистрирани се  едно кривично дело „Тешка кражба“, едно кривично дело „изнуда“,  едно нарушување на јавниот ред и мир и една сообраќајна незгода со предизвикана материјална штета.

Против сторителите на кривичните дела, ќе бидат поднесени соодветни пријави, информираат од СВР Охрид.

OhridNews