Околу 10 илјади луѓе се наредиле покрај железничката пруга и ги соблекле гаќите пред возовите кои минувале, во своевиден ритуал кој веќе три децении се одржува на југот од Калифорнија. Според локалната легенда, оваа традиција била започната 1979 година по една кафанска опклада.
Еден од гостите во барот „Магс Авеј“, кој се наоѓа спроти пругата, се обложил во пијалок дека никој не може да го покаже задникот на следниот воз кој ќе помине. Некој го држел за збор и така започнала традицијата. Секоја година овој ритуал има се повеќе следбеници, па властите мораат да ангажираат полициско обезбедување и хеликоптери од соседните градови. Соблекувањето трае цел ден и цела ноќ.