Членови на српаската Влада ќе положат венци на спомен-плочата на Ѓинѓиќ во дворот на Владата на Србија, а ќе се оддржи и традиционалната „Прошетка за Зоран“, во која ова година за прв пат заедно ќе учествуваат приврзаници на Демократската партија и на Либерално-демократската партија. Партиите, како што е најавено, само логистички ќе ја организираат прошетката која е замислена како надпартиски настан.
Почитувачите на делото на Ѓинѓиќ ќе прошетаат до Владата на Србија, поточно до местото на кое тој беше убиен, а потоа и до неговиот гроб на Новите белградски гробишта.