На денешен ден во 2014 година, по кусо боледување на 66 години починал проф. д-р Миладин Крстаноски, истакнат професор на ФТУ и доктор по правни науки.
Крстаноски беше добитник на Климентова награда – награда за животно дело во 2008 година.
Автор е на 50 книги од областа на правото и повеќе од сто научни и стручни трудови објавени во земјата и странство.
Во својот плоден работен век проф. д-р Миладин Крстаноски вршел повеќе општествено-политички и стручни функции како претседател на Социјалистички сојуз на општина Охрид, претседател на здружението на пенолозите на Р.Македонија, претседател на културно-просветна заедница-Охрид, член на Комисијата за условен отпуст при Министерството за правда на Р. Македонија, бил член на други комисии за изработка на позитивно-правни прописи од областа на кривичното право и извршувањето на кривичните санкции и друго.
OhridNews