Десет членови на младиот тим на бразилскиот фудбалски клуб Фламенго погинаа во пожар кој изби во тренинг кампот во Рио де Жанеиро.
Како што пренесува „BBC“, пожарот избил во 5 часот наутро додека фудбалерите спиеле во клупскиот камп. Уште три лица се повредени, но за сега е позната тежината на нивните повреди.
Пожарот бил изгаснат после два часови, а после дополнителните истраги ќе се најде причината за трагедијата.
Ова е нов удар за фудбалот и светот во спортот, бидејќи синоќа англиската полиција потврди дека пронајденото тело во авионот кој беше на дното од каналот Ла Манш е од Емилијано Сала. Фудбалерот и пилотот заедно со авионот исчезнаа на 21 јануари, дури синоќа беше пронајдено телото на Сала, а телото од пилотот не е уште пронајдено.
OhridNews