Добри вести за Горан Пандев по синоќешните лекарски прегледи на повреденото колено извршени во Милано. Како што пренесува официјалната веб страна на италијанскиот клуб, не се работи за посериозни оштетувања на вкрстените лигаменти, туку само за мало истегнување.


Пандев го очекува десет дена стоп, по што ќе му се стави на располагање на Рафа Бенитез. Тој се очекува да се врати на терените за мечот од петтото коло против Рома, додека со сигурност ќе ги пропушти мечевите против Палермо и Бари.

Пандев на лекарски прегледи

Пандев изнесен на носилки од стадинот на Tвенте

М.П.