Точно десет дена преостануваат до највозбудливиот спортски настан во Охрид кој ќе се одржи на Картингот Римо. Организаторите кои работат со полна пареа на првиот настан од ваков вид подготвија правилник кој ќе мора да го почитува секој натпреварувач.

Правилникот на натпреварувачите ќе им биде презентиран и ден пред трката на официјалниот состанок, но за што подобра информираност организаторите го пратија  и до нашата спортска редакција.

  • На првото издание од Картинг трката Римо сакаме да доминира забавата, дружбата и хуманоста, а секако дека ќе го негуваме и натпреварувачкиот дух без кој не може авто мото спортот. Тимот на Римо ќе обрне големо внимание на дисциплината на патеката и ќе го негува фер плејот. Римо тимот ќе има свои преставници на самата патека додека трае натпреварување кои ќе ја следат дисциплината и ќе преземат соодветни сакнции за оние учесниците кои нема да се придржуваат до правилата.
  • Секој намерен контакт од назад со кој ќе постигнува предноста или шанса за претекенување ќе биде казнувам со влегувањево боксот и чекање од пет секунди. 
  • Намерно затворање на линијата на друг натпреварувач кој е во сутиција да престигне ќе биде казнувано исто така со влегување во боксот и чекање од пет секунди.
  • Станување од местото предвидено за учесникот во картингот при трката е строго забрането. За ваков прекршок натпреварувачот ќе биде дисквалификуван од трката.
  • При случај на судир и удирање во гумите Римо тимот со свои распоредени луѓе на патеката ќе им помага на учесниците што побрзо да се вратат на патеката и продолжат со возење.
  • Задолжително при секое возење секој натпреварувач да носи заштитна кацига на главата.
  • Во случај на дефект само со официјална потврда од механичарот од Римо тимот на натпреварувачот ќе му се даде втора шанса за трка во група под името „несреќници“. – стои во правилникот од Картинг трката Римо.

Учесниците на Гран при трката ќе бидат поделени во повеќе групи. В сабота на 1 септември во утринската сесија од 10 до 13 часот планирани се квалификации на сите групи одделно, каде што во принцип на Формула 1 квалификации со загревачки и официјален круг на мерење ќе се знае распоредот на натпреварувачите на стартната линија. Во вечерната сесија од 19 до 21 часот планирани се трките во групи од кои зависно бројот на натпреварувачите ќе се формираат групите. В недела во утринската сесија од 10 до 13 часот планирани се полуфиналните квалификации и трките на ист принцип како и претходно. На крај во вечерната сесија со квалификациите во финалето и трката на најдобрите.

Пријавувањето за учество трае до 30 август, а ден потоа следува состанокот со натпреварувачите на кој присуството е задолжително.

OhridNews