Њујоршки ресторан кој минатата недела се фалеше дека направил најскап десерт на светот од 25 000 долари, затворен е по посетата на санитарната инспекција која во него открила бубашваби, муви и глувци.
Здравствената служба на Њујорк соопштила дека го затвориле ресторанот Серендипити3 на североисток од Менхетен, по втората инспекција во рок од месец дена.
„Во текот на последната инспекција(во средата), приметивме жив глушец, измет од глувци на повеќе места, муви и повеќе од стотина бубашваби“ се наведува во извештајот на инспекторите.
Ј.М.