Актерката Дерил Хана е уапсена во Тексас бидејќи протестирала против изградбата на седум милијарди долари вреден нафтовод, кој ќе носи нафта од Канада до морскиот брег.
Заедно со Елеонор Фаирчајлд, 78-годишната сопственичка на земјиштето, во близина на Далас преку кој нафтоводот поминува, Дерил Хана, застанала пред багер и сакала да го спречи почетокот на копањето.
Тие не реагирале на предупредувањата да се тргнат, па полицајците ги врзале со лисици и ги одвеле во затвор.