Фудбалската федерација на Македонија официјално се огласи преку нивниот потпарол Златко Андоновски дека нема донесе за забрана за гостински навивачи. Ваквата одлука беше прецизирана за дербито на Македонија, помеѓу Вардар и Пелистер во 1/4 финалето во Купот.

Андоновски за интернет порталот Екипа.мк изјави – „Фудбалската федерација на Македонија овојпат нема донесено таква одлука. Сакаме да ставиме до знаење дека нема забрана за гостување на навивачките групи“.

На првиот натпревар одигран во Битола забрана за гостување добија навивачите на Вардар, “Комити“. Токму тие недостастуваа за вистински спектакл на стадионот под “Тумбе кафе“.

На реванш мечот македонскиот првак Вардар има предност од 1-0, благодарение на победата извојувана пред две седмици. Повратниот натпреварот се игра в среда во 18:00 часот.

На останатите средби од четвртфиналето ќе се сретнат Металург – Шкендија (0-1), Силекс – Дрита (2-1) и Ренова – Тетекс (0-0).

Мх.П.