Лидерот во Втората фудбалска лига, Воска Спорт, одлучи дерби натпреварот од 25 коло со Вардар, што на програмата е во недела, да се игра без публика. Претходно Воска Спорт најави дека мечот ќе се игра без присуство на гостински навивачи. По реакциите на Вардар и навивачката група Комити дека без оглед на се во голем број ќе допатуваат во Охрид, Воска Спорт одлучи мечот да се игра без присуство на гледачи.

Ваква одлука е донесена oд безбедносни случаи во интерес на натпреварот, кој беше прогласен за висок ризик од страна на нашата градска полиција. Не сакајќи да ризикуваме со безбедноста на ниту еден човек и пред се да не го ризикуваме фудбалот, како тим решивме да играме без присуство на навивачи. На натпреварот кој ќе се одигра на стадионот „Билјани извори“, ќе бидат присутни само 10 лица од двете екипи. Како ФК Воска спорт ќе ги преземеме сите безбедносни мерки за овој настан, кој се надеваме ќе произведе фер и само фер игра. Да победи подобриот тим, пред се нека победи фудбалот. – стои во клупското соопшшетние на Воска Спорт.

По 24 кола на табелата во Втората лига води Воска Спорт со 59 бода, пред Вардар со 56 и Гостивар со 55.

Натпреварот Воска Спорт – Вардар се игра на стадионот „Билјанини извори“ во недела, 23 април, со почеток во 16 часот.

OhridNews
Фото: Воска Спорт/Фб