Дерби натпреварот во Втората МФЛ помеѓу екипите на Скопје и Брегалница на „Автокоманда“ ќе го води охриѓанецот Стефчо Шулески.

Помошници на Шулески ќе бидат стружаните Чакарески Лазе и Мацески Ацо.4- ти  судија ќе биде Тодоровски Жарко од Охрид.

На шест кола пред крајот Скопје со 44 бода како второпласиран ја пречекува Брегалница која има бод помалку.

Прволигашка работа викендов за Марјан Ецкоски кој ќе ја дели фудбалската правда на мечот во Кратово помеѓи Силекс и Металруг. Негови помошници ќе бидат Негриески Кирил од Струга  и Ртовски Дејан од Македонски Брод.
Ohridnews