В недела со почеток во 16 часот и 30 минути, екипата на Охрид, на домашен терен во втората рунда од Втората македонска фудбалска лига ќе го пречека составот на Гостивар.

На центарот на СРЦ „Билјанини Извори“ ќе се појави Христијан Божиновски. 24-годишниот судија од Скопје е еден од најмладите и најперспективните арбитри во македонскиот фудбалски шампионат. За него ова ќе биде прв меч сезонава, откако во првата рунда од Втората лига и Купот на Македонија беше во улога на четврти судија.

Охридскиот арбитар Марјан Ецкоски ја доби довербата од Судиската организација да ја дели правдата на дербито во Тетово помеѓу Ренова и Вардар во фудбалска елита. Натпреварите од Првата МФЛ се играат в сабота поради обврските на А репрезентацијата следната недела.

OhridNews