Без победник 1-1 заврши дербито во 15-та рунда меѓу актуелниот првак Вардар и Хоризонт Турново во Првата македонска фудбалска лига кое се одиграа во Охрид.
„Црвено црните“ поведоа во 23-та минута со голот на екс репрезентативецот Влатко Гроздановски додека бод за „гостите“ донесе „џокерот“ Музафер Ејупи со маестрален погодок во 84-та минута.
Бодовната разлика меѓу аспирантите за највисок пласман остана непромената и изнесува четири бодови, но по ремито во Охрид, Вардар ја дели првата позиција со Металург.
Мх.П.