Дерби средбата во „Билјанини Извори“ меѓу Охрид и Прилеп во десеттата рунда од Супер лигата ќе ја судат Сашо Кркачев и Ѓоко Колевски.
Скопските судии прв пат сезонава во Охрид ќе ја делат правдата иначе трета судиска двојка која доаѓа од Скопје.
Мечот, кој ќе биде од посебно значење не само за бодовите туку и за 25 годишниот јубилеј на „Рибарите“ е закажан за в сабота во 19 часот.
Мх.П.