По триумфот над Вардар Јуниор, ракометарите на Охрид одново имаат домашната задача во Супер лигата. Вицешампионот во елитата в сабота со почеток во 19 и 30 часот пред своите гледачи во дербито на десеттата рунда го пречекува тимот на Работнички.


– Не очекува еден крајно интересен и возбудлив дерби натпревар. Овој меч не е клучен бидејќи и ние и тие сме во мала предност пред останатите конкуренти, но е пак најголем испит сезонава. Составот на Работнички е склопен од бивши и сегашни репрезентативци и ќе биде голема чест за сите нас да се надигруваме со нив. – рече охридскиот страте Горан Андоновски за новинарите.

„Гладијаторите“ во Скопје претрпеа пораз на стартот од шампионатот, а в сабота ќе имаат шанса за реванш во Охрид.

– Поразот од стартот на шампионатот треба да биде доплнителен мотив за ракометари, но и за охридската публика. Ги замолувам сите охриѓани покрај спортските фудбалски мечеви кои се поклопуваат да дојдат во „Билјанини Извори“ и да ги подржат ракометарите на Охрид. Клубот без помошта од „Рибарите“ и охридската публика ја губи својата целина, затоа уште еднаш апелирам за голема посетеност на мечот со Работнички. – истакна Димитар Спасески првиот човек на охридскиот клуб.

За дербито в сабота ракометари на Охрид се подготвуваат во рекласирана и победничка атмосфера со играње фудбал.

Мх.П.