Екипите на Сатеска и Охрид со меѓусебна пресметка во првата рунда ќе означат почеток на новата сезона во Третата македонска фудбалска лига.
Охридскиот фудбалски сојуз (ОФС) по подолго време ќе има два свои преставници во Третата лига која годинава како никогаш до сега изобилува со квалитет.
Охрид и Сатеска заедно со уште 12 екипи ќе се борат за местата кои водат во бараж мечевите за Втората лига и за подолг третолигашки живот.
Првото коло на програмата е на 11 септември.
Двојки 1.коло:
Лабуништа – Кораб
Лирија – Велешта
Караорман – Фљамуртари
Сатеска – Охрид
Преспа – Влазними
Кравари – Струга Трим Лум
Пролетер – Могила
OhridNews