Ракометната федерација на Македонија довербата за судење на дербито во „Билјанини Извори“ меѓу Охрид и Радовиш му ја даде на Спаско и Глигор Ќаев.

Браќата минатата година неколку пати беа судии на дуелите на Охрид на домашен терен, а сезонава за прв пат ќе ја делат правдата во „Билјанини Извори“.

Исто скопски судии беа делегирани и во првиот натпревар на „гладијаторите“ пред своите гледачи и се покажаа среќни откако Охрид триумфираше 29-22 над Преспа.

Мх.П.