В недела во 20 часот и 45 минути во рамките од седмата рунда во италијанската Серија А лидерот на табелата Интер во супер дербито ќе го пречека актуелниот првак Јувентус. Дербито предизвика голем интерес како ретко кој меч до сега во „калчо“ лигата.
Стадионот „Џузепе Меаца“ комплетно е распродаден и „нероазурите“ ќе инкасираат неверојатни 7 милиони евра од билетите. Дополнително двата клубови ќе добијат од телевизиските права, рекламите и се што е поврзано со дербито.
Средбата помеѓу првопласираната и второпласираната екипа ќе се пренесува на 40 телевизии во повеќе од 200 земји и во некои бројки ќе го достигне популарното „Ел Класико“ во кое актери се Барселона и Реал Мадрид.
Интер има шест победи во исто толку натпревари во Серија А, додека Јувентус заостанува два бодови со скор од пет победи и реми.
OhridNews