Натпреварот од втората рунда од домашниот шампионат меѓу Тетекс и Охрид 2004 (дербито на дното) кој требаше да се игра во сабота е презакажан за вторник.


Во известувањето на веб сајтот на ФФМ , стои дека одложувањето дошло по меѓусебен договор на двата клуба.

И Охрид 2004 и Тетекс по првата рунда забележаа идентични порази од 2-0 и тоа од Ренова односно Металруг и се на дното на прволигашката табела.

М.П.