И по 4 кола екипите на Охрид и Тетекс останаа непоразени.Многу малку фудбал можеа да видат охригани на натпреварот кој помина во изедначена игра во средината од теренот а приликите на двете страни беа реткост . Домашните “сини“ беа тие кои преку Атај на самиот старт можеа да го отворат резултатот ,но најдобриот стрелец на Охрид се сплетка и шансата пропадна.За издвојување од првиот дел уште и ударот на Степановски кој биеше во добро поставениот М Јованоски . Гостите се разбудија во вториот дел а најопасни беа по ударите од аголот.По еден таков удар Симоновски го “изненади “ топката, а нешто подоцна Мариновски биеше над голот.На 10 мин пред крајот во контранапад Родник имаше можност да го реши прашањето на победникот  но Алиу со пожртвувана интервенција го спречи .
Премалку за натпревар на кој играа екипи кои претендираат за висок пласман
Во Струга на Градски, Караорман го совлада Илинден со 2-1.

На останатите натпревари постигнати се следниве резултати :

Миравци  – Слога Југомагнат      3-0
Вардар Декамел – Беласица ГЦ   2-2   
Дрита – Алумина                          1-1
Влазрими – Маџари С,                  2-1
Турново – Брегалница                 2-1 
Скопје – Нов Милениум                1-1
Локомотива – Металург               1-2

М.П.