Дербито меѓу екипите на Прилеп и Охрид кое ќе се одигра во 16-та рунда од Супер лигата ќе биде со хуманитарен карактер.


Целиот приход од продадените билети во спортската сала „Ристе Ристески“ ќе бидат наменети за лекувањето на Сара Шошеска во Турција.

Натпреварот кој директно одлучува за втората позиција на табелата во Супер лигата се игра в сабота во 19 часот.

Охриѓани пред мечот со прилепчани се засилија со алжирскиот интернационалец Џалил Мачу кој ќе има можност за официјално деби за „сино белиот“ дрес.

Мх.П.