По двонеделна пауза поради настапите на македонската репрезентација во Лигата на нации, денеска продолжуваат натпреварите во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Воведниот натпревар во рамки на 9. коло се игра во Скопје, со почеток во 14 часот, меѓу Македонија Ѓорче Петров и лидерот на табелата Струга, додека еден час подоцна ќе стартува дуелот меѓу штипска Брегалница и Работнички.

Колото ќе биде комплетирано утре со преостанатите три натпревари меѓу Победа – Шкендија, Шкупи – Силекс и Тиквеш – Скопје.

На табелата води Струга со максимални 24 бодови, десет повеќе од второпласираниот Силекс.

OhridNews