Дербито во Струга помеѓу Лабуништа – Пелистер во рамките од Втората македонска фудбалска лига нема биде само дуел за бодови, туку ќе биде борба и за Мартин Стојаноски. 22-годишниот голман и член на Лабуништа се здоби со тешки телесни повреди во страотна сообраќајна несреќа која се случила пред неколку месеци. Лекувањето на Стојаноски треба да продолжи во една од клиниките во руската престолнина Москва а потребни се одредени финансиски средства.
Во име на клубот, фудбалерите и управата ги повикувам сите да дојдат в сабота на стадион и да донираат колку што можат за помош на нашиот Мартин. Негова голема желба е повторно да застене на голот, а ние сите заедно да му помогнеме да успее во зацртаната цел. – изјави директорката на Лабуништа, Ивана Лескароска.
Мартин Стојаноски со екипата на Лабуништа.
Сите хумани луѓе средства можат да донираат на сметката од Мартина во Тутунска банка 210-7000006495-51 NLB, а наскоро ќе бидат отворени броеви на мобилните оператори.
OhridNews