Ракометарите на Пелистер и Охрид во Битола со почеток во 18 часот и 30 минути во вондредната деветта рунда ќе го одиграат дербито на првата полусезона.

Битолските „зелено бели“ во дерби пресметката ќе влезат од првата позиција, додека „гладијаторите“ ќе бидат предизвикувачи затоа што се наоѓаат на втората позиција со два бодови негатива.

Охридските ракометари имаат серија од три победи во Супер лигата, додека победничкиот налет на „пелистерци“ трае од втората рунда односно шест мечеви.

Трите преостанати мечеви од деветата рунда во елитната ракометна лига се одиграа синоќа. Еурофарм Работник како гостин славеше против Вардар Јуниор (24-17), Борец на домашен терен го совлада тимот на Металург 2 (38-32), а Прилеп и Радовиш ги поделија бодовите ремизирајќи (26-26).

OhridNews