Денес дерби натпревар Воска Спорт – Вардар на стадионот „Билјанини извори“ со почеток во 16 часот.

Во пресрет на дербито, своите очекувања ги изнесе капитенот на Воска, Изаир Емини.

Се подготвуваме и работевме цела седмица, фокусирани на тоа како да го добиеме натпреварот и мислам дека сме подготвени за ова дерби. Победа би не приближила кон Првата лига, а со вакво сопствеништво Воска заслужува да игра меѓу најдобрите во Македонија. За жал, натпреварот ќе се одигра без присуство на навивачи. Ќе ни недостига поддршката, но овие забрани се случуваат кај нас, не е ниту прв, ниту последен ваков случај, истакна Емини.

Лидерот во Втората фудбалска лига, Воска Спорт, одлучи дерби натпреварот од 25 коло со Вардар да се игра без публика. Претходно Воска Спорт најави дека мечот ќе се игра без присуство на гостински навивачи.

По реакциите на Вардар и навивачката група Комити дека без оглед на се во голем број ќе допатуваат во Охрид, Воска Спорт одлучи мечот да се игра без присуство на гледачи.

По 24 кола на табелата во Втората лига води Воска Спорт со 59 бода, пред Вардар со 56 и Гостивар со 55.

OhridNews