ГРК Охрид во 12 коло од Супер лигата, претстојниот викенд, го пречекува Тиквеш во меч кој директно одлучува за 2 место во групата А. За „Гладијаторите” единствена опција е победа.
Во сабота не очекува дерби натпревар со Тиквеш, кој е од големо значење за нас. Треба да влеземе максимално фокусирани и со добра одбрана и максимално залагање од сите играчи да извојуваме победа. Ги повикувам охриѓани и навивачката група Рибари да дојдат во што поголем број да ни дадат поддршка и на крајот сите заедно да се радуваме на нова победа, вели голманот Даниел Ѓорѓески.
Натпреварот се игра во сабота, 25 ноември, во салата „Билјанини Извори“ со почеток во 18.30 часот.
OhridNews