Без победник 2-2 (1-0) и со поделбата на бодовите заврши градската пресметка помеѓу Еспањол и Барселона во 19-та рунда од шпанската Примера.

Барселона иако губеше на полувремето беше блиску до победата, бидејќи во второто полувреме успеа да го сврте резултатот во своја полза. Работите на теренот се закомпликуваа кога Френки де Јонг доби црвен картон. Еспањол во финишот постигна изедначувачки погодок и обезбеди драгоцен бод во трката за опстанок.

Избраниците на Ернесто Валверде на стартот од Новата 2020 година ја испуштија предноста од два бодови, затоа што Реал Мадрид час претходно славеше кај тимот на Хетафе со 3-0.

Чекор со водечки држи и Атлетико Мадрид. „Јорганџиите“ на домашен терен со 2-1 го совладаа Леванте и се само на пет бодови од водечките екипи.

Резултати:

Валенсија – Еибар 1-0

Хетафе – Реал Мадрид 0-3

Атлетико Мадрид – Леванте 2-1

Еспањол – Барселона 2-2

Табела: Барселона 40, Реал Мадрид 40, Атлетико Мадрид 35, Севиља 35..

OhridNews