Дерби средбата помеѓу Манчестер Јунајтед и Челси на Олд Трафорд стадионот ќе означи почеток на новата сезона во англиската Премиер лига.

Официјално сезоната ќе започне во петок на 9 август со дуелот Ливерпул – Норвич на Енфилд а мечот на Олд Трафорд ќе се одигра в недела на 11 август. „Граѓаните“ кои минатата сезона се закитија со титулата стартуваат во Лондон против тимот на Вест Хем. Тотенхем на домашен терен ја пречекува Астон Вила која се врати во елитата, додека Арсенал гостува кај Њукасл.

Пред стартот на сезоната фаворит за освојување на титулата е актуелниот првак Манчестер Сити. Втор на листата е вицешампионот Ливерпул а потоа следуваа Тотенхем, Челси, Манчестер Јунајтед и Арсенал.

Двојки 1.коло:

Ливерпул – Норвич

Вест Хем – Мен Сити

Бурнмаут – Шефилд

Кристал Палас – Евертон

Лестер – Вулверхемптон

Ватфорд – Брајтон

Тотенхем – Астон Вила

Њукасл – Арсенал

Мен Ју – Челси

 

OhridNews