Во рамки на 2 коло од ракометната Супер лига, попладнево во салата „Билјанини извори“ ГРК Охрид се среќава со вицешампионот на Македонија Алкалоид од Скопје.
Мечот е од големо значење за двете екипи, а се очекува атомски ракомет и голема борба на паркетот. Алкалкоид предводен од Кире Лазаров на клупата, во своите редови има повеќе репрезентативци, од друга страна Охрид со Стевче Алушовски на кормилото одлично го започна првенството со висока победа во Езерското дерби во Струга.
Натпреварот Охрид – Алкалоид почнува во 18:30 часот.
Г.М.