Во рамки на 17 коло од Втората фудбалска лига, второ од пролетниот дел од шампионатот, денеска (сабота), на стадионот „Билјанини извори“ се среќаваат Охрид и Вардар.
Средбата се игра со почеток во 14 часот.
Натпреварот е од големо значење за двете екипи, откако на стартот на пролетниот дел од превенството Охрид загуби во Тетово од Тетекс, а Вардар киксна дома играјќи само нерешено со Арсерими. Тоа го искористи Воска Спорт која по убедливата победа од 4:1 над Караорман го прескокна Вардар нма табелата и се искачи на второто место кое води во Прва лига. Лидер на табелата е Гостивар со 40 бода, три повеќе од Воска и Вардар, а Охрид е на шестото место со 26 бода.
ВТОРА ЛИГА 17 КОЛО:
ФК БЕСА 1976 – ФК ПЕЛИСТЕР
ФК КАМЕНИЦА САСА – КФГ ГОСТИВАР
ФК ПЕХЧЕВО Скопје – ФК ВОСКА СПОРТ
ФК КАРАОРМАН 2017 – ФК СЛОГА 1934
ФК БОРЕЦ 1919 – ФК БЕЛАСИЦА
ФК ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА – ФК ТЕТЕКС 1953
ГФК ОХРИД ЛИХНИДОС – ФК ВАРДАР
ФК АРЕСИМИ-1973 – ФК КОЖУФ ГЕВГЕЛИЈА
Г.М.