Дератизацијата на шахтите во Охрид, најавена за денеска, времено се одлага, дознава Ohridnews. Од Заводот за здравствена заштита -ЗЗЗ,  не информираа дека е подготвена комплетната документација, како и понудите за спроведување  на дератизацијата, но останува уште да се договорат финансиските детали со локлната самоуправа.

„Деновиве, а можеби и утре треда да остварам средба со градоначалникот Петрески од кого очекувам одговор дали општината ќе ги покрие трошоците за дератизација“, ни изјави раковорителотна ЗЗЗ-Охрид, Атанаско Михаилов. Доколку не бидат обезбедени потребните средства дератизацијата нема да можеме да ја спроведеме, вели Михаилов.


Дератизацијата на стенд бај – Атанаско Михаилов

Според пресметките на ЗЗЗ, за делумна дератизација на шахтите во стариот дел на Охрид и централното градско подрачје потребни се околу 300.000 денари. Во Охрид дератизација не е извршена цели 15 години.

ohridnews