Во Охрид денеска треба да започне дератизацијата на шахтите. Ваков договор неодамна постигнале Заводот за здравствена заштита и локалната самоуправа. „Се договоривме со локалната самоуправа во интерес на граѓаните, но и на туризмот, во Охрид конечно да по деценија и пол да биде извршена дератизација“, ни изјави неодамна Атанско Михаилов, директор на ЗЗЗ-Охрид.

Михаилов напомена дека локалната самоуправа ветила дека ќе ги обезбеди потребните средства за извршување на дератизација која општината ќе ја чини околу 300.000 денари. Според најавите дератизацијата ќе биде извршена делумно, а акцент ќе биде ставен на стариот дел на градот.

Дератизација треба да  изврши затоа што граѓаните веќе се жалат на  појава на глодари, велат од ЗЗЗ. Глодарите се преносители на голем број заразни болести, а и брзо се размножуваат, така што треба превентивно да се делува, посочуваат од охридскиот завод за здравстена заштита.

ohridnews