На луѓето со депресија им е значително потешко да престанат да пушат, покажало истражување кое сугерира физичка активност како лек.
Присутноста на депресија ги отежнува последиците од анксиозноста, желбата за цигари и недостаток на сон, вообичаени појави кај луѓето кои се обидуваат да престанат да пушат.
Процентот на пушачи е двојно поголем кај луѓето со депресија, додаваат истражувачите во стручното списание Nicotine & Tobacco Research.
Сепак, податоците собрани во текот на 18-месечното истражување покажуваат дека физичките вежби може да го олеснат престанувањето на пушење кај луѓето со депресија.
За ваков ефект е доволна и физичка активност со низок интензитет, на пример прошетката.
извор:metro-portal.hr