Ново истражување спроведено врз мажи заболени од рак на простатата укажува на негативно влијание на депресијата кај пациентите.

Депресијата е поврзана со поголеми изгледи за дијагнозата од агресивен рак на простатата, намалување на ефективноста на терапијата и поголем ризик од смрт на заболените, покажало истражување спроведено на универзитетот Калифорнија.

Во истражувањето се користени податоци собрани од 41 200 испитаници следени до пет години. Научниците веруваат дека ваквите наоди е можно да се објаснат со влијанието на депресијата на биолошките процеси поврзани со карциномот.

Покрај тоа, депресијата може кај заболените да го намали интересот за здравјето и лечењето.

Според новите резултати, депресијата е почеста кај повозрасните неоженети испитаници со пониски примања.

извор:metro-portal.hr