Согласно законските обврски кои ги има ЈП„Охридски Комуналец” околу одржувањето на јавните површини во зимски услови и „Програмата за зимско одржување на територијата на Oпштина Охрид” депонирани се вреќи со сол и ризла во „Стар Град”, информираат од претпријатието.

Со овие активности ќе се продолжи на повеќе локации во градот и руралните места со цел нашите служби и жителите превентивно да реагираат во справувањето со голомразица и снежни врнежи, додаваат од претпријатието.

OhridNews