Депонијата во Буково треба да се затвори, а цврстиот отпад кој се одлага таму треба да се преработува е ставот на Министерството за животна средина и простопрно планирање-МЖСП.
„Депонијата во Буково не одговара на стандардите и таа треба да се санира и пренамени во претоварна станица од каде складираниот отпад ќе се се носи во соодветни капацитетите за преработка на отпад со што нема веќе да има опасност од загадувањето на воздухот со горењето на отпадот, а преку подземните води и на Охридското Езеро“, изјави државниот секретар во МЖСП, Дејан Паноски кој учествува на последниот состаниок на Надзорниот комитет за спроведување на проектот за Зајакнување на управувањето со животната средина финансиран од КАРДС програмата, што се одржува во Охрид.
отпадот ќе треба соодветно да се третира
Паноски предупредува дека проблемот со цврстиот отпад е сериозна пречка на Македонија на патот кон ЕУ, поради што во наредниот период ќе мора многу посериозно да се пристапи кон решавање на ова еколошко прашање.
Тој напомена дека општините ќе треба да ги санираат дивите и да ги средат легалните депонии во определен рок, а големите индустриски капацитети ќе треба да постават соодветна заштита за намалување на загадувањетоите.
Паноски информираше дека делегација предводена од министерот за животна средина, Џелил Бајрами, деновиве учествувала на 15 сесија на комисијата за одржлив равој во ОН во Њу Јорк при што било реферрирано за напредокот на Македонија во заштитата на животната средина.
Г. Момироски