Градските власти во Пекинг одлучиле депониите за одлагање ѓубре да ги прскаат со дезодоранси, за да се сузбие смрдеата која се шири со километри наоколу. Во околината на главниот град на Кина се наоѓаат стотина депонии, на кои секојдневно се одлагаат околу 18 илјади тони отпад.


Поради топлото време во населбите во близина на депониите смрдеата е неиздржлива. Сега покрај депониите инсталирале големи водени топови, со кои отпадот се прска со дезодоранси од екстракти од билки. Така ќе биде се додека не се пронајде начин за рециклирање на отпадот.