Холандскиот репрезентативец Мемфис Депај беше на чекор од преселба во Барселона, но трансферот од Лион на Ноу Камп се искомпликува и не се реализираше. Сепак, фудбалерот на Лион не губи надеж и верува дека може во зимскиот преоден да премине во Барселона.
Ќе видиме што ќе се случи. Јануари не е толку далеку. Не е сигурно дека ќе заминам, но можеби ќе има клубови кои ќе бидат заинтересирани. Имам 26 години и наскоро сум слободен агент, така што би требало да има интерес. Барселона? Работите беа завршени, но некои регулативи ги сопреа. Но, работите се случуваат поради причина. – изјави Депај.
Причина за пропаднатиот трансфер на Депај во Барселона е иднината на Осман Дембеле. Францускиот репрезентативец не најде соодветен клуб и не успеа да замине од Ноу Камп.
OhridNews