Екипите на Денто Медика и АСП Пак ќе се сретнат во финалето од јубилејното 40-то издание на турнирот во мал фудбал „Петровден 2014“.

Во полуфиналните пресметки Денто Медика славеше победа 3-0 над Хотел Гарден додека АСП во крајно неизвесен натпревар успеа со 4-3 да го совлада тимот на Аквариус.

Финалните натпревари од јубилејниот турнир во мал фудбал се играат в сабота и тоа за трето место во 20:30 часот а големото финале во 21:30 часот.

Резултати :

Хотел Гарден – Денто Медика 0-3

АСП Пак – Аквариус 4-3

Мх.П.