Фестивалот Струшки вечери на поезијата денеска на специјална прес конференција ќе го соопшти добитникот на највисокото национално признание за поезија, наградата „Браќа Миладиновци“.
Оваа одлука се исчекува со големо внимание по превирањата во жири комисијата околу селекцијата на кандидатите за наградата.
За утре СВП закажа уште една средба со медиумите, на која ќе биде претставен годинешниот лауреат, канадската поетеса книжевна критичарка, романсиерка и есеистка Маргарет Атвуд, која поради обврски на универзитетот во Бостон на фестивалот се придружува денеска.
OhridNews