Денс -театар Компани од Република Албанија гостува на фестивалот “Охридско лето ” вечерва од 21 часот во предворјето на црквата “Света Софија “.

Станува збор за претстава  од два дела. Во првиот е преработено делото “Скриениот човек ” од Чехов, а во вториот “Парфем” од Сускинд. Во главните улоги играат Аледиа Кондај, Суеда Хоџа, Филомена Гаргано, Милена Нурка и Елтон Цефа. Режисер и сценограф е Ѓерѓ Превази.

Претставата ги опфаќа прашањата дали човекот е изолиран од сите или од самиот себеси, дали е ослободен или сосема слободен, а говори и за маската што си ја ставаме себеси или  маската што другите ја ставаат на нас.

А. Ристоска