Деновиве започна реконструкцијата на просториите од Фудбалскиот клуб „Охрид Лихнидос“. Управата на клубот донесе одлука за реконструкција на просториите каде со децении не ѐ инвестирано, велат од клубот.

Условите за нормално функционирање на клубот е невозможно во вакава катасртофална состојба. Охрид ќе добие простории како што заслужува. Соблекувална, гардеробер, тоалети со тушеви, мини кујна со перална и канцеларија за стручниот штаб, додаваат.

Воедно од клубот упатуваат благодарност до сите помагатели кои се вклучени во реконструкцијата.

OhridNews