Времето денеска ќе биде сонево и релативно топло. Максималната дневна температура во Охрид денеска ќе достигне до 19 степени.
Топло време и уште повисоки температури ќе имаме до крајот на неделава. Според синоптичарите сончевото време ќе потрае до недела а дневните температури во Охрид ќе се движат до 23 степени Целзиусови.
Временската прогноза им оди во прилог на сите љубители на природата кои претстојниов викенд вистински ќе можат да уживаат во топлото време.