Деновиве јавното претптријатие „Охридски Комуналец“ ќе спроведе акција за миење на улиците во центарот на градот. Утре во периодот од 8 до 12 часот ќе се мијат улиците “Кузман Капидан”  и “Илинденска”, а на ден 13.05.2009 г. среда) во истиот термин ќе се мијат  улиците “Цар Самоил” и “Коста Абраш”.

Заради непречено одвивање на акцијата за миење на улиците, како и избегнување на можноста за оштетување на паркираните возила, од „Комуналец“ апелираат до граѓаните да ги отстранат своите возила од наведените улици.

Јавното претпријатие, исто така, ја известува јавноста дека на 16.05.2009 год.(сабота) ќе организира акција за подигање на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети,теписони и др.) во населба “Билјанини Извори”, населба Долна Влашка Мала и населба Видобишта.

Гграѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад треба да го извадат најдоцна до 10.00 часот  и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да може Ј.П.”Охридски Комуналец”  благовремено да го подигне.

Акцијата во наредниот период ќе продолжи и во останатите делови на градот информираат од „Комуналец“.

Ohridnews