Нашата земја се наоѓа под влијание на
влажна и нестабилна воздушна маса, која во наредните денови ќе донесе
уште дожд. Вчера во Охрид наврнале 4 литри на метар кавадратен.

Нестабилното
време ќе биде проследено со ветер и грмежи,а температурите ќе бидат во
постојано опаѓање. Најсвежо ќе биде во среда за кога се предвидува
максималната дневна температура да достигне 25 степени. Минималната
температура ќе се спушти на невообичаено ниски за овој период, 7 степени.

Со опаѓање на температурите ќе опадне и УВ индексот на степен 5.

Ohridnews