Се бројат деновите до градското дерби помеѓу лидерот на табелата во “Калчо“ лигата Милан и актуелниот првак Интер. Притисокот пред натпреварот од 31-то коло се осеќа во двата табори, на Интер му одговара само триумф додека на Милан во прилог му оди и “нула“.


Екипата на Интер се оптимисти пред натпреварот а ние сме уште повеќе. Ако триумфираме “бегаме“ на пет бодови, ако претрпиме пораз ќе имаме негатива од еден бод и уште седум кола до крајот. Затоа мислам дека притисокот е на страната на “нероазурите“ – вели тренерот на Милан, Масимилијано Алегри.


Поранешниот фудбалер на “росонерите“ бразилецот Леонардо градското дерби со Милан не го гледа како клучот сезоната. И после овој натпревар остануваат уште седум други, секоја од нив ќе е пресудна за одбрана на титулата.


Градското ривали ќе се сретнат на Сан Сиро а натпреварот е закажан за 20:45 часот.

ohridnews